Колку жената може лесно да постигне оргазам зависи од градбата на вагината

Докажано е дека некои жени можат да доживеат оргазам за време на сексуалниот однос, додека други имаат потреба од стимулација на клиторисот, а клучот за тоа е во структурата на вагината и растојанието на клиторисот од отворот на уринарниот тракт.

Често се верува дека анатомијата на мажот е виновна, или заслужна за неспособноста на жената да доживее оргазам за време на сексот, но новата студија на Универзитетот во Индијана открива дека структурата на гениталиите на жената е одговорна.

Имено, научниците открија дека клучна разлика е растојанието помеѓу клиторисот и уринарниот тракт, што е физичка карактеристика што се одредува додека бебето е сè уште во матката.

Кај жените кај кои ова растојание е помало од три сантиметри, клиторисот прима доволно стимуланси за време на традиционалниот однос. Од друга страна, ако тоа растојание е поголемо, стимулот е премал, па жената не може да сврши единствено со пенетрација.

„Волшебната бројка е 2,5 сантиметри“, вели истражувачката Елизабет Лојд од Институтот „Кинси“, додавајќи дека други фактори како што се големината на пенисот, привлечноста на партнерот и техничките перформанси може да имаат помало влијание врз оргазмот, но најголема улога има анатомското растојание на уринарниот тракт од клиторисот.

Според студиите, мажите најлесно достигнуваат оргазам за време на вагинална пенетрација, додека поголем број жени постигнуваат оргазам порано стимулирајќи го клиторисот, на пример за време на орален секс.

Фото: Pexels