Компанијата Самсунг освои 49 награди за дизајн на овогодинешното издание на “IDEA Design Awards”

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)освои 49 награди за дизајн на интернационалната манифестација ИДЕА (IDEA – International Design Excellence Awards), меѓу кои и една златна, шест сребрени и две бронзени награди. До сега, ова е рекорден број признанија кои една компанија ги има добиено во текот на една година.

Нашите иновации се насочени кон потребите на корисниците и и во иднина ќе продолжиме да вложуваме напори во дизајн кој има суштинска важност за нивните секојдневни животи.“ – изјави Донте Ли (Dontae Lee), Извршен Потпретседател и Директор на Корпоративниот Дизајнерски Центар во компанијата Самсунг Електроникс.

Компанијата Самсунг освои златна награда за:

· Бежичен систем за аудио-визуелен идентитет – овозможува конзистентност во испраќањето на брендинг пораки со визуелно прикажување на моќните аудио и уникатни дизајнерски карактеристики на брендот, прилагодено за генерацијата Миленијалци.

Компанијата Самсунг освои шест сребрени награди за:

· Dual Cook Flex– печка со премиум квалитет, софистицирани линии и минималистички дизајн. Има флексибилен систем за отворање на вратата за подготовка на повеќе од две јадења истовремено, без голема загуба на топлина.

· Колекција на вградливи кујнски апарати за готвењечиј комерцијален дизајн го усовршувале професионални готвачи. Колекцијата е составена од печка, вградени плочи со рингли, професионален самостоен шпорет, аспиратор и машина за перење садови со беспрекорен професионален дизајн. Функционалноста инспирирана од советите на професионалците е овозможена преку ИоТ опцијата за поврзување и обезбедува фантастично искуство при подготовката на храна.

· Уред за поврзување на мрежата на итни служби (ESN, Emergency Service Network) –­ рачен мобилен уред кој во потполност е оптимизиран за средината во која работат итните служби, поддржувајќи ги сите нивни функционалности и гласовни пораки. Неговиот отпорен дизајн е практичен за теренска употреба. Уредот е отпорен на вода и прашина, во согласност со “IP68“ стандардот.

· ЗаобленCJ79 Thunderbolt 3 QLED“ екран – ултра-широк заоблен екран од 34 инчи, со сооднос 21:9 кој овозможува целосно уживање во визуелните содржини со својот природно заоблен дизјан.

· The Frame“– ТВ уред со кој ѕидовите едноставно оживуваат, со режим за приказ на уметнички дела (“Art Mode”) кој во секојдневниот живот внесува доза инспирација.

· VL5/VL3“ бежична серија аудио уреди – бежичен аудио систем со единствен дизајн кој овозможува едноставна инсталација на било кој дел од домот и овозможува вистинско уживање во добриот звук.

Покрај златната и сребрените награди, Самсунг е добитник и на две бронзени награди:

· Галакси С8/С8+ (Galaxy S8/S8+) и Галакси Ноут8(Galaxy Note8) –комбинацијата на екран без рамки и симетричен, заоблен дизајн овозможува совршено, реалистично искуство при уживање во содржините прикажани на мобилниот уред.

· Систем за приказ на визуелен идентитет “The Frame – Концепт кој совршено се вклопува во секој дом и јасно им ги прикажува на корисниците предностите од користењето на овој систем.

“IDEA Design Awards” е манифестација во организација на Друштвото на Индустриски Дизајнери на Америка која за прв пат е одржана во 1980 година. Производите кои конкурираат за награда се одбираат според сеопфатната оцена на иновациите во областа на дизајнот, корисничкото искуство и бенефициите за корисникот како поединец и општеството.