Актуелно // Insta вести
Конечно Антониа облечена за чиста 10- тка: Во сребрен мини фустан „засветка“ на Инстаграм
- 13 Мај, 2024
Во светкав – сребрен мини фустан и иста боја високи потпетици, пејачката Антониа Гиговска ја истакна нејзината фит фигура.
Пејачката откако се породи работи на нејзиниот изглед, па очигледно е задоволна од тоа како изгледа, доказ за тоа е нејзиното појавување во најразлични изгледи.
Неодамна пејачката за на настап одбра тексас изглед. Минијатурно тексас бикини и фармерки со несекојдневен крој на бутовите.
Инаку Антониа откако се врати на музичката сцена по кратката пауза бидејќи стана мајка, не престанува да работи. Таа го издаде нејзиниот прв студиски албум, а ноќните свирки се постојано на нејзината агенда.
Фото: Инстаграм