Конечно свадба на Дедиње: Прва фотографија од младенците - Анастасија блеска во свилен фустан

Добивај вести на Viber

Анастасија Ражнатовиќ му кажа „да“ на фудбалерот Немања Гудељ..

Тие направија граѓанска венчавка и организираа свадба за блискиот круг на пријатели и роднини. Тајната свадбена церемонија се одржа во кругот на најблиските членови на семејството Ражнатовиќ и Гудељ и кумовите. Првата фотографија од младенците сега ја објави Вељко Ражнатовиќ.

Анастасија блеска во свилен, бел фустан што го избра за овој момент, додека Немања гордо ја држеше за рака својата сакана сопруга.

Вељко набрзо сподели фотографија со баба му и дедо му - родителите на Цеца Ражнатовиќ, а негуваниот изглед на г-ѓа Величковиќ никој не го коментираше.

По церемонијата, пресреќната Цеца проговори:

- Сите сме многу среќни и со нетрпение го очекувавме овој ден! Им посакувам да се сакаат и почитуваат, а се што носи животот да помине во љубовта - изјави Цеца во оваа прилика за „Блиц“.

Кум на Анастасија беше нејзиниот најдобар пријател Љубомир Тозев, а кум на Немања неговиот долгогодишен пријател Горан Телебак.

Фото: Инстаграм
Извор:Mondo.rs