Конечно заедно
Слетавме на аеродром. Ми беше многу интересно, бидејќи првпат во живот видов огромен аеродром. Имаше многу луѓе кои брзаа нарамени со куфери, ранци. Аеродромот беше опремен со кафетерии, многу продавници, златари, дуќанчиња за храна, подароци, цвеќари, буквално за сè.
„Леле“, си помислив „ако се изгубам во овој народ, како ќе ме најдат?“ Невозможно. Не се исплашив толку кога седнав во авионот иако летав за првпат, туку сега, меѓу сиот тој народ.
Стив со еден другар нè чекаше и беше нестрплив да стигнеме дома побрзо. Неговите поканиле гости за да ме пречекаат, видат и запознаат. Се качивме в кола и за околу пола час од аеродром пристигнавме кај неговите куќа.
Живееја во еден убав кварт со мали улички. Куќите беа исти и оградите. Пред секоја куќа имаше двор и цвеќињата и дрвјата беа скоро исти. Од далеку ја познав куќата. Оградата беше закитена со цветни венци, балони, масички, столчиња и луѓе во дворот. Скарите се палеа и масите се полнеа со јадење.
Јас се поздравив и се извинив, бев изморена и морав да се средам. Се качив горе на кат. По мене се качи мајка му на Стив која ме прегрна од срце, ме избакна и навистина се радуваше на моето доаѓање. Таа донесе на закачалка убав црвен фустан, црвени штикли и црвена долна облека. Радосна беше и со нежност и милина во очите ми кажа: „Овие ги одбрав за тебе. Се надевам ќе ти се допаднат“. Ги погледнав, навистина беа убави, а сигурна бев што и да облечам ќе ми стои убаво.
Се истуширав, го облеков фустанот со жар-црвена боја и штикли црвени, се нашминкав и се симнав долу. Сите ме изгушкаа и ме избакнаа. Им кажав дека се радувам што се запознавам и дека ќе се дружиме во иднина. Тука беше и Леа, која кокетираше со гостите. Денот помина во многу убава атмосфера.
Приквечер гостите беа изморени и сакаа да си одат. Тогаш стана татко му и одржа мал говор со кој ми посака добредојде, среќа и бериќет. Потоа на присутните им кажа дека неколку улици од тука за нас купил нова куќа да бидеме сами. Стив имаше и брат но моментално не беше дојден, бил на службен пат. Стив се изненади и ме прегрна и почна да ме бакнува, додека на гостите им кажа дека одиме да ја видиме куќата и ги повика да поминат подоцна.
Кога стигнавме, ме крена во раце и ме внесе во куќата. Влеговме во убава голема просторија, која сигурно беше дневната соба. Кујната беше одделена со шанк. Се качивме горе, имаше две спални поврзани со бањи. Со обѕир дека доаѓав од мало место, сè ми беше убаво, чисто, гламурозно. Влегов во спалната да се преслечам. Видов во кутија, раскошна ноќница. Сигурно мајка му ја оставила. Имав желба да видам како ми стои, ја облеков, се видов во огледало и легнав на спалната. Во тишината на оваа полутемна соба се стуткав и сакав да ги средам мислите. Сум задремала.
Го почувствував Стив како со рацете поминува по моето лице. Со ноздрите го впиваше мирисот на мојата кожа, моето лице, моите усни, мојот здив. „Каква убавина“, си промрмори повеќе за себе. Се завртив од другата страна. Ми падна прерамката од ноќницата и едната града ми се појави. Полугола, сама, бев легната на дел од спалната, како бебе кога го носат од болница дома. Сè е непознато, нестварно, само мајката ја препознава по мирисот на мајчиното млеко и по љубовта. Јас дури и не знаев дали сакам некого или не, или дали некој ме сака или не. Стив, можеби, сето ова го правеше поради тоа да видат сите дека има млада и убава жена, која штотуку пристигна од родниот крај, сиромашка, без пари в џеб. Така размислував но, ете, решив сè да оставам пред надворешната врата и да се трудам со сите сили да бидам жена на некого.
Стив ме галеше полека, мислеше дека сум кристал, кој секој момент ќе се скрши. Ми ја стави раката на косата и ми ја милуваше дел по дел. Потоа почна нежно со усните да ми го бакнува рамото. Ги отворив очите. „Мила, не сакав да се разбудиш, но страста за тебе е појака од сè“, шепотејќи ми викаше Стив.
Потоа почна да ме бакнува. Со десната рака ми ја соблекуваше ноќницата, а со левата ми ги соблече гаќичките. Почнав да се тресам. Раката ја ставив на неговите гаќи. Го чувствував неговиот орган како пулсира, се зголемува. Почнавме да се бакнуваме. Јазиците ни се сплеткаа. Го извади јазикот од моите усни и отиде долу, подолу и влезе во мојата врела пичка. Вртеше силно со јазикот. Бев целата мокра, испотена, а истовремено ги ширев нозете сè повеќе и го впивав неговиот јазик длабоко во мене.
Потоа јас се спуштив надолу и почнав да го бакнувам неговиот орган. Го лижев, бакнував, цицав. Потоа се заврти и ме повлече под него. Ми ги стави нозете на рамена. Почна нашиот дивјачки секс. Влегуваше, излегуваше во мене. Јас се нишав со него во ритам. Почнав да се грчам. Осети дека свршувам. Сакав да знае дека и јас сум добра во водењето љубов. Потоа ме заврти од позади и почна неговата сперма да се слива врз мене. Длабоко вдишуваше и издишуваше. Почекав додека сврши и потоа заедно отидовме во бањата. Се триевме и бањавме, сакајќи сè да се исчисти од нас. Почнавме повторно да се бакнуваме. Бакнежите беа долги и врели. Телата почнаа да ни се припиваат. Ми ги масираше градите, вратот, рамото. Играта повторно започна.
Но, почнаа коли да свират надвор. Стив се извлече од мојата прегратка и виде како доаѓаат неговите пријатели и братучеди да ни ја видат куќата. „Ох, заборавив, рекоа дека ќе дојдат. Но, јас не можам да ти одолеам. И сега доаѓаат, којзнае кога ќе си одат“, вознемирено и збунето рече Стив.
Се облековме и се симнавме долу. Дојдоа неколку пријатели, две братучетки со мажите и децата и нормално Леа и Кире. Донесоа торта. Бифето беше полно со пијалаци, секој сè послужи. Влегоа внатре. На сите им се допадна куќата, собите, мебелот, а јас цело време се смеев за да докажам колку сум среќна и весела. Правев нес-кафе со апарат. Ми беше забавно бидејќи првпат видов нес-кафе.
Потоа ја исековме тортата. Сите беа расположени, разговараа, се шегуваа, пиеја. Друштвото беше навистина интересно. Беа многу внимателни, ме прашуваа небитни работи за да учествувам во разговорот. Но, јас и со нив бев туѓинка, не можев да се вклопам. Зошто? И самата се прашував. Се тешев дека сега дојдов. Длабоко во себе чувствував дека од почеток ако не прифатам нешто, никогаш нема да прифатам.
Стана многу доцна и сите заминаа. Леа по обичај ги испрати сите и рече дека ќе се напие уште едно нес-кафе. Стив ѝ се придружи и излегоа надвор. Мене ми залади и јас се качив горе. Чекајќи го Стив заспав.
ТУЃИНКА