Конечно заедно во јавност: Ова е мистериозниот сопруг на Сања Кужет, еве како изгледа и што работи (ФОТО)
Сопругот на Сања Кужет не сака јавно да се експонира
Една од најубавите водителки на балканските простори, Сања Кужет, внимателно го чува својот семеен живот, па не е чудно што на таа тема се среќаваат бројни написи со наслови „Мистериозниот сопруг на Сања“ или „Мажот на Сања Кужет е мистерија за јавноста".
Како изгледа мистериозниот Немања Живојиновиќ кому Сања му го подари синот Страхиња имавме можност да видиме пред неколку дена кога се појавија рака под рака на премиерата на филмот „Лаж“.
Фотографии може да погледнете ТУКА
Љубовта на Сања и Немања првпат започнала кога тие имале дваесет години. Врската тогаш не опстанала, а десет години по пропаѓањето на љубовта повторно се сретнале.
- Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно. Еден поглед е доволен за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – откри Сања во една прилика зборувајќи за нејзиниот сопруг кој е маркетинг директор на автомобилска компанија и додаде:
- Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е наша заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе – заклучила таа.
Извор: paparazzo.rs