Констракта изненади со стил кој неодоливо потсетува на култната комбинација на Меган Маркл: Ги „запали“ социјалните мрежи

Добивај вести на Viber

фото:profimedia

Вчера, на свеченото отворање на Евровизија, по тиркизниот тепих во Торино, српската претставничка Констракта прошета во модно издание со кое остави силен впечаток и веќе ги „запали“ социјалните мрежи.

Ана Ѓуриќ, на сите позната како Констракта, се појави во бело од глава до пети, одбирајќи бели панталони со длабок струк и лежерна кошула со V деколте. Уметницата го комплетираше изданието со доло палто, црвени балетанки со ремчиња и ефективни златни обетки.

Посебно моќен детаљ беше белиот фасцинатор, капа која има повеќе стилска отколку практична функција и која често е вистинско уметничко дело, а токму поради неа и монохроматскиот аутфит потсети на едно познато издание на Меган Маркл.

фото:profimedia

Имено, војвотката од Сасекс на комеморацијата на Денот на Комонвелтот во 2019 година носеше комбинација, која неверојатно потсетува на оваа на Констракта, па уметницата не само што пее за тајната на здравата коса на Меган Маркл, туку очигледно е инспирирана и од нејзиниот стил.

фото:profimedia

Која е подобро облечена?

извор:zena.blic

Како дошло до името Констракта и зошто пее за косата на Меган Маркл: Евровизиската претставничка на Србија ги разреши мистериите