КОВИД СЕГА НЕ ГИ ШТЕДИ НИТУ МЛАДИТЕ ЖИВОТИ: Она што се случува во Србија за помалку од еден месец ќе дојде кај нас предупреди инфектологот Димзова
Од инфективната клиника, во последниов месец информираа за три загубени млади животи, тинејџерки на 15, 16 и 17 години. Сите донесени со најтешка форма на болеста, по што за кратко време лекарите ја губат борбата за нивните животи. По вчерашниот последен случај, за што јавноста беше информирана дека 16-годишното девојче од тетовското село Сиричино, цели девет дена се лекувало дома, а дури потоа побарало лекарски тремна во Клиничката болница во Тетово, каде останала само два дена, по што во исклучително тешка состојба е пренесена во Скопје, Фактор поразговара со д-р Марија Димзова, инфектолог во Клиниката за инфективни болести. Таа видно вознемирана и лута вели дека крајно време е народот во Македонија да разбере дека ковид не се лекува дома, на бајачки и со давање совети еден на друг.
-Гледаме дека дури ни младоста не е поштедена. До кога волку непослушни ќе бидат граѓаните навистина не знам. Ние лекарите им велиме НЕ ивермектин, тие на своја рака си го пијат, им велиме НЕ антибиотици, тие упорно си го ослабнуваат имунитетот уште толку со пиење антибиотска терапија, си даваат совети еден на друг, читаат на Интернет. До кога вака, навистина не ми е јасно. Јас не знам кога нашево општество се сведе на телефонска медицина, не знам кога општеството се сврте кон малоумниците и оние што продаваат бабини лекови па болните од ковид се лекуваат дома со се и сешто. Повеќе од очигледно е дека сега, оваа силна варијанта на ковид, Делта сојот агресивно ги напаѓа и најмладите кои не се вакцинирани. На почетокот на удар беа повозрасните генерации, но стигнаа вакцините, тие се вакцинираа, па сега делта удира онаму каде што најмногу има простор, а тоа се токму тинејџерите кои не се вакцинирани, појаснува д-р Димзова.
Целиот текст читајте го на ФАКТОР ТУКА.