КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СЛАВИ РОДЕНДЕН: Може ли кралското семејство да добие уште еден член денеска?!
Кралицата Елизабета II, најдолговечната британска владетелка, денес го слави 92-от роденден во приватност.
Како и секоја година во чест на нејзиниот роденден ќе одекне почесна стрелба на кралската стража од лондонскиот Тауер и Хајд Парк.
Британската кралица слави роденден два пати: 21 април на датумот на својот роденден, и втората сабота во јуни кога во нејзина чест се организира парадата „Trooping the Colour“.
Елизабет Александра Мери Виндзор е родена на 21 април 1926 година во Лондон. Кралица станала на 6 февруари 1952 година кога имала 25 години.
По владеачки стаж уште на 9 септември 2015 ја надмина својата прабаба Викторија (1837-1901), која владеела 63 години, седум месеци и два дена. Со принцот Филип 68 години била во брак.
Без разлика на своите години, кралицата ревносно ги извршува своите службени должности, иако во последните години некои задолженија ги пренела на други членови од семејството, пред се на својот син Чарлс и внуците Вилијам и Хари.
Светот го чека раѓањето на третото дете на Кејт и Вилијам
Кејт Мидлтон ќе роди момче во секој момент, објавија британските медиуми, цитирајќи извори од Бакингам.
Бебето се очекува денес, на роденденот на кралицата Елизабета II.
Според британските медиуми, Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам ќе го крстат своето трето дете, Филип.
36-годишната Мидлтон ги роди првите две деца - 4-годишниот принц Џорџ и 2-годишната принцеза Шарлота по терминот, се сеќаваат познати. Затоа е можно овој пат да го одложи големиот настан за неколку дена.