Кралицата Елизабета со сите нејзини правнуци: Необјавена фотографија по повод тажната годишнина
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се сетија на покојната кралица Елизабета Втора
На вчерашен ден минатата година почина кралицата Елизабета Втора. во 15 часот и 10 минути, стои во нејзината потврда за смртта.
Светот се сеќава на најдолговечниот британски монарх, а исто така и нејзиното семејство. На официјалниот Инстаграм профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија фотографии од кралицата, меѓу кои и досега невидена.
На неа кралицата Елизабета Втора позира со сите нејзини правнуци, а меѓу нив секако беа и децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
„Денес се сеќаваме на неверојатниот живот и наследството на кралицата Елизабета Втора. На сите ни недостасуваш“, напишаа Вилијам и Кејт.
На профилот на кралското семејство се појави објава со снимен говор на кралот Чарлс, нејзиниот син и фотографија од кралицата.
Фотографијата што ја објавија од кралицата е направена кога таа имала 42 години. Фотографијата е направена од Сесил Битон во 1968 година и била избрана лично од кралот за да ја одбележи годишнината.