Кралот само се “срушил“ од исцрпеност: Каква е вистинската состојба на Кејт Мидлтон и Чарлс - што крие палатата?
Болната принцеза од Велс е и најголемиот поддржувач на британскиот монарх.
Медиумите ширум светот со месеци шпекулираат за здравјето на принцезата Кејт Мидлтон и кралот Чарлс Трети, кои се борат со ракот. Британската палата е многу затегната и ретко открива детали за нивниот третман, што остава простор за бројни шпекулации и теории на заговор кои се шират на социјалните мрежи.
Кралот нема да се предаде
И додека палатата молчи за здравствената состојба на британскиот монарх и неговата снаа, се огласија извори блиски до семејството.
- Кралот Чарлс е голем борец и нема намера да се предаде. Сè уште не е добро, но не сака болеста да го исфрли од колосек. Се справува со сè фантастично и може да се добие впечаток дека се е во ред, но не е. Сите се свесни дека ретко се појавува во јавноста, дел од обврските му препуштил на синот Вилијам, но и на кралицата Камила. Неговиот распоред е детално разработен во договор со лекарите. Се случува да дојде дома со хеликоптер, а потоа од исцрпеност само да се сруши во фотелја – рекол извор од палатата Бакимгам, а пренесува Story.hr.
Кралот Чарлс не се откажува од борбата со ракот, иако дел од своите должности им препуштил на синот и сопругата
Негова најголема поддршка е и болната снаа Кејт Мидлтон, која верува дека Чарлс и покрај сè ќе доживее длабока старост, што многу би значело за принцот Вилијам, нивните деца, но и за принцезата од Велс. самата, која минува низ тежок период на борба со злобната болест.
Кога станува збор за здравјето на Кејт Мидлтон, палатата е уште помистериозна. Таа беше оперирана во средината на јануари, а самата откри дека боледува од рак кон средината на март.