Кралското семејство ќе добие уште еден член: Меган и Хари чекаат трето дете?!

Според неофицијални информации, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл наводно го чекаат своето трето дете. Како што пишуваат некои странски медиуми, радосната вест ќе ја споделат со светот кога Меган ќе влезе во вториот триместар.

Иако оваа информација израдува многумина, Меган и Хари се уште не се огласиле, а се зборува и дека третото дете не било дел од нивниот план.

Наводно, ова била и една од причините зашто Меган не беше дел од прославата по повод крунисувањето на кралот Чарлс.

- Кога видоа дека тестот е позитивен, Меган и Хари беа во неверување. За нив е природно да имаат уште едно дете, но не го планирале тоа - вели неименуван извор, за еден странски медиум.

Инаку Хари и Меган веќе имаат две деца, синот Арчи и ќерката Лилибет, а вистината дали ќе добијат уште еден брат или сестра, секако и офоцијално ќе се дознаат наскоро.


Фото: MeghanDuchessofSussexFacebook