Краватите во боја му се заштитен знак: Стилот на Христијан Мицкоски

Добивај вести на Viber

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостуваше во отвореното студио на 1ТВ. Мицкоски за јавни настани најчесто избира сакоа во темна боја, но негов заштитен знак се краватите во контрасни нијанси. Овојпат, Мицкоски се облече во тон. Темно сино сако и кравата исто така во сина боја, но само за нијанса посветла. 

Досега, лидерот на опозицијата сме го гледале со кравати во риги, црни, кафеави, а на билбордите за предизборните кампањи носеше кравата во впечатлива, виолетова боја. Сината боја, велат психолозите асоцира на смиреност и сигурност, па можеби токму со бојата на палтото Мицковски има нешто да ѝ порача на јавноста.

На дел од јавните настани и на митинизите, Мицковски знае да се облече и полежерно, само по кошула.

Фото: 1ТВ