Криеше од фамилијата за најстрашното: Со тешка борба Мина Лазаревиќ го победи ракот
Иако отсекогаш ѝ цветале рози на деловен план, приватниот живот на актерката Мина Лазаревиќ не бил секогаш мирен и убав
Имено, на Мина пред неколку години ѝ беше дијагностициран рак, по што и беше отстранета тироидната жлезда, а своевремено јавно ги обелодени деталите од својата борба.
- Секој има слаба точка, нема кој ја нема. Јас сум екстровертна личност, не голтам, не го задржувам стресот во себе, треба да го извадам сето тоа. Ми се чини дека после сето тоа почувствував потреба да споделам со мојата околина, да го слушаат своеѕо тело, да не ги игнорираат сигналите што ги дава, бидејќи секојдневието не мели. Малку време имате да си го посветите и да го поминете со себе – изјави во една прилика актерката во емисијата „Преживеани“.
- Ги игнорирав сигналите што ми ги даваше телото, тоа нема врска со недостаток на здравствена свест и неможност да се реши. За жал, ја наследив особината на баба ми и мајка ми дека сите комшии ми се поважни од мене. На крајот, доаѓа моментот кога треба да преземете акција. Во првиот момент не знаев дека нешто се случува и дека треба да се оперирам, дури планирав да продолжам да играм во претстави. Во прашање беше тироидната жлезда. Меѓутоа, кога стигнаа наодите, морав да направам уште една операција, бидејќи беше малигно. Откако дознав, отидов до автомобилот да плачам затоа што обично тоа така оди. Во тие моменти некои мисли почнуваат неподносливо да ви доаѓаат и не можете да се смирите. Почнувате да размислувате за децата и за сите работи за кои треба да се грижите – изјави тогаш таа.
- Секако, од операцијата, гласните жици ми се во хаос, не можам да зборувам, ниту да пеам нормално. Кога ми рекоа дека ќе се погрижат засекот да биде што помал, за да не се гледа, им реков на лекарите, нека биде, гледајте ми ги гласните жици, од тоа живеам. Тогаш не можев ништо да направам со гласот, но не се откажав. Таа блокада траеше повеќе од една година и продолжив да туркам, да зборувам и да пеам. После тоа, играв во претстави нормално, бидејќи не сакав да си дозволам таков пад - рече таа, а дека здравствената состојба ѝ била сериозно нарушена, таа извесно време криела од семејството.
- Ми се има случено толку многу да се трудам да не видат дека сум оперирана, па ни децата да не ме разберат, па ме прашуваа зошто постојано сум уморна. Потоа ги ставив пред мене и им кажав, мама имаше операција, но ќе биде во ред. Можеби сум уморна, можеби сум нерасположена, но мора да ме разберете. Не треба да одите во крајности и да криете сè од децата, но исто така верувам дека не треба да ги оптоварувате со непотребни детали додека се мали, туку треба да им објасните на свој начин за да сфатат што правите- вели актерката која брзо заврши на операционата маса, по што ѝ беше отстранета целата тироидна жлезда. Тука започнаа нови грижи за актерката, со оглед на тоа што една година не можеше непречено да зборува.
извор: www.blic.rs