Крис Џенер на апарати! Мајката на Сека Алексиќ во шик стил: Кратка црвена коса, кожен капут и црни очила (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката после долго време објави фотографии со мајка си, со одличен повод

Сека Алексиќ во последните неколку месеци почна да добива сè повеќе симпатии во јавноста - поради своето однесување, начинот на кој се шегува на себе, но и изгледот.

Многумина поради начинот на кој се облекува ја споредуваат со Ким Кардашијан, па сега откако по долго време објави фотографии со мајка си Ибрима, сите почнаа да се шегуваат дека тие две се Крис и Ким!

Имено, Сека долго време не ја покажуваше својата мајка на социјалните мрежи, но бидејќи ѝ беше роденден на Ибрима, ова беше вистинскиот повод. Но, нејзиниот изглед изненади многумина.

Ибрима носеше кожен, црн капут, црни очила, додека нејзината коса е кратка и огнено црвена. Секако, имаше и црни чевли, би рекле мартинки, кои целосно го придружуваа изгледот на Ибрима.

Таа насмеана позираше со својата ќерка која ѝ го честиташе роденденот.

- Единствената кралица што ја признавам! Мамо, среќна 66-ка! – напиша Сека во објавата.

Сека, инаку, порано почесто објавуваше фотографии со мајка си, а не крие дека ѝ е благодарна за сè што ѝ помогнала во животот.

Извор: 24sedam.rs