Кристијано и Георгина се венчале во тајност?! Еден детаљ ги издаде, а со предбрачниот договор за Георгина нема зима
Еден од најплатените фудбалери во светот, Кристијано Роналдо и неговата избраничка Георгина Родригез, повторно се мета на шпекулациите дека тајно се заколнале на вечна љубов.
Да потсетиме тие се заедно од 2016 година и оттогаш никогаш јавно не спомнаа дека се свршени или венчани. Во меѓувреме, парот формираше семејство, но прашањето за бракот секогаш „висеше во воздух“. Меѓутоа, сега се чини дека нема повеќе сомнеж.
Роналдо можеби навести дека тој и Георгина конечно се венчаа. Ваквите приказни се појавија откако фудбалерот рече дека ќе ја претстави својата „сопруга“ додека зборуваше на својот нов канал на Јутјуб, пред камерата да ја прикаже Џорџина.
Забележано е и дека Роналдо и Џорџина на видеото се со прстени на рацете, пишува The Sun.
„Начинот на кој ја нарекува „моја жена““, „Тој рече „мојата жена““, обожавателите брзо го забележаа коментарот вака коментираа.
Познатиот португалски магазин „TV GUIA“ открива дека славната двојка потпишала таен договор кој на Георгина и гарантира финансиска сигурност во случај на раскинување.
Доколку реши да раскине со својата сакана, Роналдо наводно ќе треба да и плаќа речиси 100.000 евра месечно до крајот на животот. Покрај тоа, Геогрина би станала и сопственик на својата луксузна вила во Мадрид, која Португалецот ја купи во 2010 година за пет милиони евра. Вилата има 950 метри квадратни и се простира на 4.000 квадратни метри земјиште.
Фото: ИнстаграмИзвор: Mondo.rs