„Крв да ни се стори" е танц на копнеење во двојка: Каролина Гочева и Пијан Славеј со нова заедничка песна

Прекрасниот спој од гласовите на фронтменот на „Фолтин“, Бранислав Николов и македонското девојче, Каролина Гочева, снимени во студиото на Дуке Бојаџиев направија вистинско ремек дело од песна насловена „Крв да ни се стори“.

На текстот се потпишува Николов познат и како Пијан Славеј.

„Некогаш, од неврзан, “битолски” муабет во dm може да се роди нешто баш убаво…
"Крв да ни се стори" е танц на копнеење во двојка...од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино“ - напиша Каролина Гочева на својот Инстаграм профил најавувајќи дека песната е веќе поставена на Јутјуб.

View this post on Instagram

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Слушнете ја песната и уживајте во гласовите на Каролина и Бранислав Николов:


фото:majaargakijeva