Ксенија Пајчин гостувала во емисија кај Сања Маринковиќ пред да биде убиена: Открива шокантни детали....
Водителката веќе две децении се занимава со јавна работа, а овој случај вели, најмногу ја потресе.
Водителката Сања Маринковиќ веќе две децении води авторска емисија, а низ студиото „Магазин ин“ поминале бројни јавни личности од сите сфери.
Дека не е сè така светло и баснословно како што изгледа на камера потврди и самата Сања, кога во едно интервју се присети на најнепријатните ситуации откако е водителка.
- Ми се случи гостин да ја напушти емисијата. Мислам дека тоа се случи само еднаш. Кога човек го прави тоа, тоа може да биде добро за неговиот маркетинг, но може да биде добро и за тоа шоу – рече Сања.
Ситуација на која особено се сеќава Маринковиќ е трагичното убиство на пејачката Ксенија Пајчин, која почина набргу откако и беше гостинка на Сања, а како што открива водителката, таа не можела да ја емитува емисијата пред да почине Ксенија.
- Имав емисија со Ксенија Пајчин, а после тоа се случи да снимиме уште многу емисии, па имавме некои барања од спонзори, така што немаше шанси таа емисија да се емитува. Во меѓувреме се случи трагедијата со Ксенија Пајчин. Потоа ја емитував таа емисија како IN MEMORIAM. Верувале или не, имало такви работи – изјави Маринковиќ една емисија.