ЛАКИРАЈТЕ НОКТИ ДОДЕКА БЕБЕТО СПИЕ: Осум корисни мајчински совети

Кога ќе станете мајка, често ги слушате советите: Спиј додека бебето ти спие. Сепак, тој познат совет не е секогаш изводлив во пракса. Тоа што понекогаш сакате да се одморите од сѐ, не значи дека сте лош родител. Ако по некое чудо бебето преку ден заспие, мајките не знаат што попрво. Ги чекаат куп неиспрани алишта, ручек на шпоретот, непрочитани пораки и уште куп други „неважни “ работи. 

Ова се неколку совети за сите работи кои можете да ги направите додека бебето спие.

1. Легнете на подот , гледајте во таванот и восхитувајте му се на чудото од тишина. 

2. Истуширајте се , а потоа вратете му се на првиот совет.

3. Проверете ги социјалните мрежи, новостите и текстуалните пораки во обид повторно да воспоставите врска со реалноста. 

4. Наместо набрзина да подготвувате ручек или вечера и да чистите, одлучете се да ги излакирате ноктите.

5. Поминете неколку минути гледајќи во бебето и внимавајќи на нејзините ритмички движења. Восхитувајте му се на чудото кое сте го создале. 

6. Исфрлете ја грижата на совест од себе си, и ставете ја под тепихот, метафорички кажано.

7. Јавете му се на сопругот да го слушнете.

8. Размислете за јога. Само еден до два потега ќе ви ја подобрат самодовербата