Ласерска епилација: Доколку размислувате, треба да го прочитате ова
Непосакуваните влакна по лицето и телото се многу чест проблем кој делува фрустрирачки и за жените и за мажите. Доколку Ви е преку глава од постојано депилирање или бричење на влакната, особено во лето, сигурно сте свесни дека ласерската епилација е вистинското решение за Вас. Но сигурно не е така лесно веднаш да се одлучите за третман, па затоа треба претходно да ги дознаете сите детали за да бидете сигурни во својот избор.
Ласерската епилација е најмодерниот метод кој трајно ги отстранува влакната. Ласерскиот сноп делува врз фоликулот на влакното и го уништува од корен и му оневозможува раст во иднина. После првиот третман се забележува промена, паѓаат од 20-30% влакна. Потоа се јавува нова генерација на влакна, па затоа се потребни во просек околу 6 третмани за да се уништат последователно.
Во продолжение разговараме со Д-р Тања Бурјакоска, дерматовенеролог во ординација „Д-р Анчевски“ која е тука за сите Ваши стравови и прашања поврзани со ласерската епилација.
* Како да се подготвите за ласерска епилација?
- Подготовката за ласерска епилација неопходно треба да вклучи консултација со дерматолог од ординацијата во која ќе се изведува третманот. Со него ќе добиете одговор на сите прашања во врска со третманот, како се изведува, колку пати и на кое растојание се прават третманите. Исто така доколку смета дека е потребно ќе ве упати да направите дополнителни испитувања како хормонален статус. Клиентите кои се алергични на сонце не се подобни кандидати за ласерска епилација, а оние кои моментално се на терапија со лекови кои можат да дадат фотоалергиска реакција се советуваат да го одложат третманот по завршување на терапијата.
* Какви треба да бидат влакната (долги, кратки) за третманот?
- Со оглед на тоа да таргет на ласерскиот зрак при ласерска епилација е самиот корен на влакното кој треба постепено да биде уништен со цел поголена успешност на третманот влакната пред третманот не треба да бидат отстранети од корен со депилација со восок, депилатор или чупалка во период од две до три недели. Ден пред третманот тие треба да се избричат или да се скратат со ножички зависно од регијата каде се наоѓаат.
* Дали станува збор за болен третман?
- Најновите ласерски системи како Soprano Ice Platinum на Alma ласери со кој располага Ординација „Д-р Анчевски“ се едни од најбезбедните и најефикасни ласери кои обезбедуваат ефикасен и виртуелно безболен третман. Со посебниот SHR метод на работа со брзи повторувачки движења на ласерската глава се постигнува постепено загревање на дермисот до температура на која коренот на влакното се оштетува, а специјалниот систем на ладење на површината на кожата ја штити од изгореници. Третманот е безболен со чувство на лесно пецкање во региите кои се осетливи и каде влакната се многу густи.
* Дали смеете да се изложувате на сонце пред и после епилација?
- За разлика од старите ласерски системи по чија употреба требасе да се избегнува изложување на сонце со најновите ласери тоа не е проблем. Soprano Ice Platinum ласерот не ја оштетува кожата при третманот па така веќе наредниот ден можете да се изложите на сончеви зраци правејќи го ласерот безбеден за употреба во летните месеци. Она што е потребно доколку сте самошто вратени од одмор и потемнети е да направите пауза од една до две недели до наредниот третман со цел да и дадете време на кожата да се одмори од влијанието на силните сончеви зраци.
Д.Караташова