Лазар Ристовски горд на својата 39 години помлада девојка: „Љубов моја“ (ФОТО)

Модната дизајнерка Верица Ракочевиќ синоќа ја одржа својата последна ревија, а на овој настан се појавија бројни познати личности од Србија.

Верица Ракочевиќ ја воодушеви јавноста со својата најнова ревија, додека ја поддржаа бројни пријатели и колеги.

Меѓу гостите беа Лазар Ристовски и неговата 39 години помлада девојка Аница Лазиќ. Аница ја затвори ревијата со која Ристовски се гордееше, па на Инстаграм сподели фотографија од овој момент. 

„Уметничка вечер, браво за Верица и Вељко. И за мојата Аница“, напиша актерот и режисер.

Набрзо девојката му одговори: „Ти благодарам љубов моја“.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot