„Лејди ин ред“: Лила,Тамара, Маријана и Туна, сексапилни и неодоливи во бојата која никогаш не излегува од мода
Низ вековите и децениите зад нас, црвената боја го најде своето место како дел од различни култури и како моќна алатка за изразување на ставовите во уметноста и модата. Во различни периоди и во различни култури, црвената боја носеше различни значења - од олицетворение на доброто, гревовното и луксузното до бојата на аристократските гардероби. Моќна и возбудлива, со силен визуелен впечаток, црвената боја дури и наједноставните облеки ги трансформираше во изјави во историјата на модата.
Црвената боја одамна има посебно место во светот на модата и поп културата, а многумина ја сметаат за недопирлива - боја која никогаш не излегува од мода и која без разлика на трендовите постигнува ефект на воодушевување.
Лила Филиповска
Во психологијата е познат „ефектот на црвен фустан“, кој објаснува зошто жена облечена во црвено привлекува внимание, а долгорочното истражување покажало дека црвената е бојата што прво ја забележуваме, бидејќи нашиот мозок е така програмиран.
Црвената боја никогаш не недостасувала во модата, особено во облеката на аристократите, а тие ја избрале за да се разликуваат од обичните луѓе. Причината за тоа е и економски факт: во минатото црвената била скапа за правење и поради тоа станала амблем на богатите уште од антички Рим, во кој била бојата на владејачката класа, патриците.
Маријана Станојковска
Делумно по традиција, а делумно по природа, црвената отсекогаш била боја на луксуз и убавина.
Нашите познати дами знаат да одберат црвена комбинација на фустан, кобинизон или палта и да изгледаат елегантно, гламурозно, шик и кежуал, во зависност од приликата за која ја одбрале црвената боја.
Црвената има и свои нијанси кои исто така се секогаш тренд.
Сара Мејс
Фустани во различни кроеви, комбинизони со тесни и ѕвонести ногавици, ролка ефект или длабоко деколте.
Во пролет се избираат јасни, живи и топли црвени нијанси. Почнувајќи од светло проѕирно црвено, потоа од светло до темно корално црвено како и сите нијанси на светло портокалово црвено.
Туна Сејдиу
Затоа, во пролет се избира топли и јасни нијанси на црвено.
Според бојата која ви одговара, сигурно барем една нијанса на црвено ќе ви изгледа убаво и ќе направи да изгледате свежо и без шминка. Треба да играте наоколу и да го испробате додека не откриете во која се чувствувате најдобро.
Тамара Тодевска
Аделина Тахири
Александра Јанева
Елена Велевска Вера Мештеровиќ
Антониа Гиговска
Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм