Лекар од Македонија се преселил во Хрватска: Добил субвенционирано сместување на островот Црес, таму планира да дочека пензија

Добивај вести на Viber

Лекарот по семејна медицина Дритон Зенели од Тетово во Северна Македонија се преселил со семејството во Црес, каде сака да го чека своето пензионирање, пишува „Јутарњи.хр“.

Со сопругата Егзон, исто така докторка, и синот Сиар уживаат во мирниот островски живот. Иако Црес е изолиран и има мала популација, Зенели е воодушевен од својата нова средина и пациентите.


Интересно е што Зенели го научил хрватскиот јазик гледајќи ја популарната серија „Нашата мала клиника“. Црес беше нивниот избор откако ги истражуваше различните опции за преселување на YouTube. Иако Зенели имал можност да работи во поголемите градови како Дубровник и Бјеловар, тој го избрал Црес поради неговата природна убавина. Му обезбедија субвенционирано сместување на островот, а управата на Здравствениот дом ги исполни сите ветувања, наведува погореспомнатиот медиум.



Работата на островски лекар бара поголема независност и одговорност бидејќи тој често мора да извршува различни улоги на островот, од хирург до гинеколог. Сепак, Зенели истакнува дека ужива во предизвиците на својата работа, а особено е задоволен што пациентите се задоволни од него.

Во слободното време тој ужива да плива и да пишува роман базиран на неговите животни искуства. Мирот и безбедноста на Црес му овозможуваат на неговото семејство да живее удобно и мирно, а Зенели планира да остане на островот долгорочно.


Извор: Јутарњи.хр

ФОТО: Фејсбук