Лекции на кои треба да ги научите децата до десетата година

Важно е детето да знае да каже „не“ на врсници, возрасни, па дури и на родители, кога тој одговор е на место. Изградбата на секој карактер и личност е важна, бидејќи тогаш со детето потешко се манипулира. Оваа лекција добро ќе му дојде кога ќе порасне.

Да се биде родител е навистина прекрасно животно искуство, но тоа носи и голема одговорност. Воспитувањето на мали е исклучително важно, а за да порасне детето во нормален и правичен човек, од мал треба да го учиме на вистински работи. Пред вас се 10 важни лекции на кои родителите треба да ги научат децата до нивната десетта година.

1. Не прави разлика меѓу луѓето

Без разлика на полот, годината, националноста, бојата на кожа и финансиската ситуација, кон секој треба убаво да се однесуваме и да имаме почит. Кон другите треба да се однесуваме како што ние би сакале и тие да се однесуваат кон нас.

2. Немој да се плашиш да направиш грешка

Учење низ сопствените грешки е составен дел од животот, и во тоа нема ништо лошо. Никој на светот не е совршен и сите грешат, затоа не треба да доживуваме трагично, туку да работиме на тоа грешката да не се повтори.

3. Немој да го правиш она што не сакаш поради туѓо одобрување

Децата често мислат дека популарноста меѓу врсниците е една од најважните работи, затоа прават сѐ за да ја стекнат. Меѓутоа, тие мора да знаат дека работи како искреност и почит, се многу поважни и од барање туѓо одобрување, кое често не е важно.

4. Секогаш да биде подготвен за своја одбрана

Секако дека е важно да се почитуваат други, но исто така е важно да се брани својот став и да не им се дозволи на другите да те искористат. Детето не смее да се чувствува несигурно, туку да знае дека неговото мислење се почитува.

5. Грижи се за околината

Почитување на природата е еднакво важно како и почитта кон други лица. Родителите треба да бидат пример кој децата ќе го следат цел свој живот. Загадување на околината, кршење на гранки и уништување на цвеќе, никогаш не смее да се одобри.

6. Знаењето е поважно од лекцијата

Ова е многу важна лекција за ученици. Децата треба да знаат дека оценката не е секогаш одраз на знаење и дека знаењето е многу поважно од оценките.

7. Ако нешто не разбираш, слободно прашај

Поставување на прашања и љубопитност треба да се поттикнува од мали нозе. Секогаш е подобро да се поставуваат прашања, ако нешто не разбираме, а глумиме дека ни е се јасно. Така само се скратува знаењето.

8. Во ред е да се каже „не“

Важно е детето да знае да каже не на „врсници“, возрасни, по дури и на родители кога тој одговор е на место. Изградба на силен карактер и личност е важна, бидејќи тогаш со детето потешко ќе се манипулира.

9. Родителите не ти се непријател. Побарај нивна помош

Да се стане пријател на своето дете, не е лесно и постои тенка граница помеѓу такво пријателство и родителство. Затоа задолжително кажете им на малите дека секогаш може да ви се доверат и дека секогаш ќе бидете нивна најголема поддршка.

10. Ако не се чувствуваш добро, кажи и на учителката

Некои деца се плашат да и пријдат на учителката, за да и кажат дека не се чувствуваат добро. Малите е важно да се научат дека здравјето секогаш е на прво место и дека тоа што не им е добро нема никој да го налути.