Лепа Брена и Тамара Тодевска како јајце на јајце: Неверојатна сличност на пејачките, како да се сестри

Добивај вести на Viber

Две музички ѕвезди кои се регионално познати и омилени кај публиката, два неприкосновени вокали, две прекрасни жени - секоја на свој начин, а сепак толку слични.

Лепа Брена е легендарна балканска дива уште од времето на СФРЈ, а и Тамара Тодевска исто така е меѓу најдобрите пејачки во регионов.

Секоја има свој личен печат и убавина, тие се модни икони, но сепак кога ги анализирате малку подобро, ќе сфатите дека има некоја поврзаност и сличност кај овие две мега популарни пејачки. 

Првата карактеристика е дека и двете обожаваат да носат јака шминка, кој патем и на двете им стои перфектно.


Исто така и двете често сакаат да носат слична фризура, а косата им е бојадисана во потполно иста боја. Секако веднаш се забележува дека и двете имаат прекрасни насмевки, а и важат за прекрасни дами.

Дури и Мартин Филиповски од дуото „Next Time“ сугерираше дека Тамара е како Лепа Брена, а пејачката на тоа врати коментар со смеење и емотикони со срциња.

Што мислите вие, наликуваат ли овие две убавици?


*Р.Ж.М.