„Либеро бенд“ го преставуваат новиот проект „1000“

„1000“ е насловот на новата песна од „Либеро бенд“ која момците ја промовираа заедно со спот.

Со објавувањето на оваа песна, тие го најавија и стартот на новиот проект кој ќе содржи неколку песни и спотови во низа, поврзани на начин кој ќе се открива дел по дел, односно како што ќе тече промоцијата на новитетите.

Проекто твеќе и официјално стартуваше со промоција на новата песна, прва од низата, певлива, летна, со модерен ритам.

Спотот го изработи Даниел Јовески, снимен е во Охрид со посебна техника за снимање, кај нас малку позната, техника која уште повеќе дава уникатна димензија на самото видео и целиот проект.