Лила Филиповска го победи ракот: За првпат се појави во јавност без перика (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Се избори сама како лавица...

Познатата водителка Лила Филиповска повеќе од една година ја водеше својата најголема животна битка - ракот на дојка. Сега, како што откри за магазинот „Убавина и здравје“, канцерот се повлекол и конечно може да  каже дека е здрава.

Оваа битка ја водеше со своите најблиски, а на јавноста со ништо не ѝ даде причина да се сомнева дека нешто не е во ред со нејзиното здравје. И понатаму ги работеше своите емисии, активна беше и на социјалните мрежи. Единственото нешто за кое можеме да кажеме да ја издаде е тоа што постојано носеше перика, но сега и тоа е веќе минато.

По околу една година, Лила конечно ја тргна периката и покажа како сега ѝ изгледа фризурата. Освен за потребите на фотосесијата на магазинот „Убавина и здравје“, Лила без перика се појави и на „Саемот на венчавки“, каде буквално издоминира.

„Што и да се случува јас секогаш сјајам“ - напиша таа покрај видеото на кое позира како вистинска дива, а ние може да се сложиме со неа и да кажеме дека сега можеби блеска повеќе од било кога.


фото: Принтскрин / Инстаграм