Браво Лила - Водителката со донација за пожарникарите и апел до сите: „Кој е во можност нека носи вода, капки за очи и маски“
Нашата најпозната водителка, Лила Филиповска ја повика јавноста да помогне, кој колку може за пожарите низ земјава.
Па и таа самата, откри дека ги посетила пожарникарите и им донирала вода и други потребни средства, кои ќе им помогнат на неуморните пожарникари да се справат со огнените стихии кои на повеќе места горат низ земјава.
„Кој е во можност нека носи вода, капки за очи и маски“ , напиша водителката на објавата.
Во моментов најкритично е во Пехчево, Кризниот штаб бара доброволци за гаснење на пожарите кои зад себе оставаат пустош.
Граѓаните, пак на социјалните мрежи споделуваат фотографија на кои има шума како гори, со натпис Pray for Macedonija (Молете се за Македонија).
Бог напомош, и се надеваме дека пожарите многу бргу ќе бидат ставени во контрола или изгаснати.
Фото: Инстаграм - Лила Филиповска
Р.Ж.М.