Лила Филиповска во издание кое ретко го гледаме: „Никогаш не се жали и никогаш не објаснувај“

Добивај вести на Viber

Најпознатата водителка кај нас Лила Филиповска е препознатлива по секогаш убавиот стил. 

Најчесто ја гледаме во фустани и кратки здолништа, но овој пат атрактивната дама се одлучила да носи интересен модел на панталони кои се совршени за овој преоден временски период, лето - есен. 

Моделот е поширок, материјалот лелеав, а бојата тренди. За периодов кога деновите се потопли, а ноќите и утрата постудени, овие панталони се одлични. 

Целиот изглед инфленсерката која има над 232 илјади следбеници го заокружила со кафеав топ кој се врзува на вратот, чевли во иста боја и познатата Луи Витон чанта.

View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Покрај фотографиите Лила напиша: „Никогаш не се жали и никогаш не објаснувај… Вага“. Дали вака водителката не‘ потсетува дека ѝ се близи роденденот или станува збор за нешто друго, не знаеме, но едно е сигурно годините не ѝ можат ништо и што и да облече таа изгледа феноменално.


Фото: Инстаграм

Р.Ж.М