Лила уживаше во настапот на Лепа Брена: Југословенската ѕвезда уште еднаш покажа и докажа зошто е незаменлива

Добивај вести на Viber

Вчеравечер на манифестацијата „Тиквешки Гроздобер“ присутните уживаа во настапите на неколку музички ѕвезди, но сепак ѕвездата на вечерта беше легендарната Лепа Брена. 

Голем број на граѓани од сите градови отидоа во Кавадарци, за да ја слушнат југословенската ѕвезда, а на нејзината песна и шарм не одолеа и нашата најпозната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска.

Лила во друштво пееше во еден глас со Брена, облечена во црно мини фустанче со тантела на деколтето. 

Судејќи според сторињата и објавите на Лила, но и на сите оние кои биле на настапот на Брена, слободно можеме да заклучиме дека пејачката направила исклучително добра забава и уште еднаш докажала зошто е најдобра.


Фото: Инстаграм - Стори - Лила Филиповска

Лила Филиповска со нов имиџ: Убава промена пред почетокот на есента