ЉУБОВ МЕЃУ КОЛЕГИ: Зошто не се препорачува?

Во врска сте со колега? За денес имаме неколку интересни факти на оваа тема и зошто врските на работа не се препорачуваат

Врските на работа главно не се препорачливи бидејќи можат да бидат извор на огорченост, стрес, љубомора, растревоженост, деконцентрација, фрустрација и да ни наштетат во работата и врз угледот ,советува Ричард Темплар во книгата „100 правила за работа: најдобриот рецепт за личен успех“.

Темплар нагласува дека не смееме да се впуштаме во површни врски и флерт со колегите. На работа смееме да си дозволиме само сериозна врска. Нормално, никој не може да биде сигурен дека врската ќе трае вечно, но доколку веднаш е јасно дека нема иднина, треба да се воздржиме.

Секогаш треба да се запрашаме: дали оваа личност ми е поважна од работата? Да морам да се откажам од едното, што би одбрал? Авторот препорачувва дека доколку одговорот е работата, слободно да се впуштиме во врска. Со малку среќа, нема да мораме да се откажеме од ништо.

Доколку веќе направите нешто со колега или колешка треба да се однесувате зрело и одговорно. Тука се некои основни правила:

- Не разменувајте нежности пред другите.

- Без осамување, шепкање на уво и интерни шеги.

- На најблиските колеги и претпоставените кажете им за својата врска бидејќи и онака тие сами ќе забележат дека нешто се случува, а нема да знаат што.

- Однесувајте се како да не сте пар.

- Замолете некои задачи да му бидат доделени на друг во случај да постои судир на интереси (тоа е една од причините поради кои вашиот шеф мора да знае за вашата врска). На пример, не можете еден друг објективно да се оцените, казните или испрашате.