Љубов, среќа, насмевки и простување: Честитките на познатите за Новата година

Добивај вести на Viber

Познатите македонски естрадни ѕвезди и личности од различни сфери ја прославија Новата година, кој во домашни услови, кој работно, но сите се сложија во честитките кои ги посакаа.

Тамара Тодевска имаше работна Нова година, таа имаше денески настап во скопско кафуле.

„Ви посакувам година на остварени желби и соништа. Нека има повеќе љубов, насмевки и позитивна енергија за сите. Бидете свои, сакајте се себе си, но не заборавајте ги оние кои се секогаш тука за Вас.Од срце Ви посакувам среќна Нова 2024 и среќни празници“, напиша Тамара.

Ноне Неделковска новогодишната ноќ ја помина на брод закотвен во Танзанија.

„Не мразете никого, без разлика колку ви згрешиле. Живејте понизно, без разлика колку ќе станете богат. Размислувајте позитивно, без разлика колку е тежок животот. Дајте многу, дури и ако ви е дадено малку. Простете на сите, особено на себе и никогаш не престанувајте да се молите за најдоброто за сите“, напиша Ноне во честиката.

Актерот Васил Зафирчев со чаша во раката исто така посака убави работи во Новата година.

„Среќата најчесто произлегува од благодарноста, од простувањето и од љубовта. Затоа, бидете благодарни за сѐ што имате, за да го добиете она што го сакате. Простувајте брзо и лесно, за да гледате кон она што доаѓа, а не кон она што поминало. И секогаш бидете љубов, за да имате со кого и за што да ја делите и множите! Среќна Нова 2024 година!“, напиша Зафирчев.

Ламбе Алабаковски со семејна фотографијана своите фанови на социјалните мрежи им ја честиташе Новата 2024 година.

„Среќна Нова година на сите од фамилија Алабаковски“.

Актуелниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов објави фотографија со неговата понежна половина и посака среќна нова година.

Фото: Инстаграм