Љубов во време на корона: Се запознаа преку балон, а имаа прв состанок на различни тераси

Џереми Кохен од Њујорк стана хит на социјалните мрежи откако објави видео на кое прикажува како запознал девојка за време на изолацијата.Се почнало кога Џереми од терасата видел девојка која танцува на кровот на соседната зграда.

Девојката му се допадна, па ја поздравил, а потоа ѝ пратил дрон со телефонски број. Така ја запознал Тори. Но тоа е само почеток на оваа романтична приказна. Џереми набрзо ја поканил на вечера, на која ги испочитувале сите мерки за изолација, тој на својата тераса,  а таа на кровот на зградата, разговарајќи преку апликација.

Откако вечерата поминала добро, Џереми одлучил да ја покане на вистински состанок на кој дошол во пластичен балон. Равојот на оваа љубовна приказна за сега има три чина и може да ги погледнете подолу: 

View this post on Instagram

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) on





View this post on Instagram

How to date a Quarantined Cutie, Part 3.

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) on