ЉУБОВНА ПРИКАЗНА НА АМЕРИКАНСКАТА МАНЕКЕНКА ТИФАНИ РОСАРИО И КОШАРКАРОТ НА МЗТ КРАФОРД: Џордон ми фати око од прва
Со Џордон се запознавме преку Инстаграм. Ми фати око уште откако го видов неговиот профил, но никако да се осмелам да го направам првиот чекор. Еден ден, сосема неочекувано, добив порака од него, дека ме кани на еден од неговите натпревари. Но, јас никогаш не заминав да го гледам како игра и да навивам за него.
Беше многу смирувачко искуство за мене, да дојдам од голем град во еден многу помал, каде што стандардот на живеење е многу понизок од таму од каде што јас доаѓам. Сепак, луѓето овде се постојано среќни и насмеани.- Тифани Росарио
Љубовта е причина што американската манекенка и фото- модел Тифани Росарио живее на релација Скопје-Њујорк. Тифани е во врска со кошаркарот Џордон Крафорд, кој игра во нашиот кошаркарски клуб МЗТ. Како страстен навивач на МЗТ, Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК ја покани Тифани да биде дел од новиот спот на аренби дуото за песната „Дијаманти“.
Тифани е родена во Њујорк, а нејзините родители се од Карипските острови, каде што кусо живееле кога била помала. По професија, таа е медицинска сестра, а со манекенство се занимава како што вели од хоби, во слободно време. Во приказната за Женски магазин, оваа атрактивна девојка ни откри дел од својата приказна и љубовната приказна со Џордон.
„Со Џордон се запознавме преку Инстаграм. Ми фати око уште откако го видов неговиот профил, но никако да се осмелам да го направам првиот чекор. Еден ден, сосема неочекувано, добив порака од него, дека ме кани на еден од неговите натпревари. Но, јас никогаш не заминав да го гледам како игра и да навивам за него. Беше упорен и постојано инсистираше да се сретнеме. Тоа конечно се случи дури по неколку месечна комуникација. За прв пат, во живо го видов во Мексико, каде што и двајцата бевме во тој момент“, ја започна Тифани својата приказна.
Откако ја започнале врската и Џордон почнал да игра за МЗТ, Тифани често доаѓа во Скопје. Вели дека токму овде научила дека во животот треба да се ценат малите работи.
„Доаѓам во Македонија за да бидам близу до Џордон веќе подолго време. До сега, секое патување ми беше многу убаво, луѓето, а и храната овде се прекрасни. Беше многу смирувачко искуство за мене, да дојдам од голем град во еден многу помал, каде што стандардот на живеење е многу понизок од таму од каде што јас доаѓам. Сепак, луѓето овде се постојано среќни и насмеани. Тоа ме научи да ги ценам малите нешта“, раскажа Тифани за своето искуство во Скопје.
Не можам да кажам дека има само една причина поради која го сакам Џордон, бидејќи има толку многу.- Тифани со кошаркарот Џордон Крафорд
Таа додава дека посетила неколку нови места, но она што најмногу и се залепило за срце е центарот на градот. „Едноставно сакам да ги гледам зградите и да шетам покрај реката кога времето е сончево. Мојот омилен ресторан во Скопје е Мексиканскиот, имаат совршена храна и пијалоци. По неколкуте коктели таму, сакам да „влезам“ во скопскиот ноќен живот“, ни раскажа Тифани. Таа најмногу ужива во клубовите каде што се пушта хип-хоп музика а воодушевена е од атмосферата во клубот „Станица 26“.
За својот партнер, Џордон Крафорд, вели дека е вљубена и горда на него поради многу нешта.
„Не можам да кажам дека има само една причина поради која го сакам Џордон, бидејќи има толку многу. Гледам до него на толку многу начини, од неговата работна етика и спортска дисциплина, до начинот на кој се справува со сè позитивно, дури и ако не е расположен“, раскажа Росарио за познатиот кошаркар.
Во иднина, нејзина желба и е повеќе да и се посвети на работата како модел.
Тифани и Џордон со Едина Муса на снимањето на новиот спот на ДНК
„Сега се фокусирам на моето портфолио, а потоа се надевам дека ќе почнам да соработувам со некоја добра агенција за модели. Тоа би била мојата крајна цел“, вели Тифани. За крај, таа откри дека многу се забавувала на снимањето на спотот на ДНК и вели дека и е чест што токму таа ја добила главната женска улога.
Милица Џаровска