ЉУБОВНА ПРИКАЗНА: Од ова ќе ве полазат морници

Добивај вести на Viber

Брачна двојка тврди дека нивната врска била „запишана во ѕвездите“, откако мажот се видел себеси на една нејзина фотографија од пред 18 години, кога не се ни познавале. 

Је, кој денес има 35 години, и Ксуе во 2000 година со своите семејста го посетиле градот Кингдао во источна Кина. Денеска се 10 години во брак, а во тоа време биле тинејџери и не се познавале воопшто. 

Фотографијата ја покажува Ксуе во бел фустан, а во позадина е момчето кое подоцна стапила во брак.  Је вели дека веднаш се препознал на фотографијата, затоа што и тој има своја фотографија направена истиот ден, на истото место.

„Кога ја видов фотографијата, бев изненаден и ме полазаа морници по телото. Тоа беше мојата поза за сликање“ - вели тој за „Сина Њуз“. 

Објаси дека и самиот се сликал и ја објавил фотографијата на социјалните мрежи. 

Је, кој денес е татко на близначки, рече дека биле кај бабата кога ги гледал старите фотографии од својата сопруга за да види на кого повеќе му личат децата. Тогаш се здогледал себеси во аголот на фотографијата и извикал дека тоа е тој.

Двојката која се запознала во 2011 година и стапила во брак година дена подоцна, вели дека нивната врска е судбина.