ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА НАЈЗГОДНИОТ РОБИЈАШ: Затворот го направи милионер, се разведе па ја освои наследничката на Топ шоп

Добивај вести на Viber

Кога 34 годишниот Џереми Микс е уапсен поради поседување нелегално оружје, и кога отслужил затворска казна, изненадно станал манекен, модел, со задоволство виден гостин на светски атрактивни настани...

Следел развод од тогашната сопруга, а неговата нова избраничка била седум години помладата наследничка на „Топ шоп“ царството Клои Грин, девојка која важи за класична разгалена наследничка.

Позната единствено по тоа да ги троши парите на татко си Клоу успеала да се избори за својата љубов. И покрај неодобрувањето на семејството, сега се пишува дека тие чекаат дете што било и нејзина цел.


Како што пренесе Дејли меил и нејзините родители конечно се согласиле нивната ќерка да може да помине живот по сопствен избор и со кој сака - иако со тоа не се сложувале на почеток.


Џереми од бракот со сопругата Мелиса која го чекала додека служел затвор има два сина. Мелиса тврди дека ги напуштил поради кариерата и дека ретко ги гледа синовите,  а не ги подмирува ниту трошоците.