Љубовни врски, неверства и расправии: Дали таа е најскандалозната прва дама?

Добивај вести на Viber

Кантавторката и поранешен модел Карла Бруни (52) ја изненади јавноста со интервју во кое зборуваше за поминатиот карантин со нејзиниот сопруг, поранешниот француски претседател Никола Саркози (65).      

Поранешната прва дама призна дека не им било воопшто лесно да поминуваат толку време заедно: „Порано ретко се гледавме во текот на денот, сега имав можност да го гледам како дреме во 15 часот. Да тоа беше тест за нас. Но, тој напиша книга, а јас албум“, истакна таа за британски Телеграф.                                 

 Токму во тој период Карла одлучила да се откаже од алкохол, дека тоа исто така имало влијание и врз домашната атмосфера.

"Кога пијам, претерувам. Мислев, ако го поминам карантинот со алкохол, готова сум. Не умеам да бидам умерена", изјави искрената пејачка, која е во брак со Саркози од 2008 година.

Нејзиниот сопруг не ја поддржуваше по тоа прашање, бидејќи тој немал многу контакт со алкохол во текот на неговиот живот. "Тој не испил ниту капка алкохол во животот. Страда од силни главоболки, а кога бил помлад се плашел дека може да реагира лошо на алкохол. Значи, тој не е свесен за позитивните страни на алкохолот. Му реков:" Мило ми е што не знаеш, инаку ќе минуваше по цел ден по кафулиња “, рече Бруни.

Поранешната манекенка не била сама со нејзиниот сопруг во куќата, згора на тоа, тие имале полн дом. "Имавме полна куќа, со нас секако беше ќерката Џулијан, која ќе наполни 9 години во октомври, мајка ми беше со нас, но исто така беше и неговата сестра. Мајка ми има 91 година, а неговата сестра е 95 години. Италијански затвор, о Боже, за малку ќе се убиевме “, рече Карла низ смеа.

Карла и Саркози следниот месец ќе одбележат 13 години од нивното запознавање. Таа призна дека била освоена од нејзиниот сопруг со неговата моќ, еднаквост и рамнотежа.

"Се запознавме во вистинско време. 20 години порано ќе му требаше жена која ќе му биде поверна. А јас никогаш не би се доближила до човек кој има толку силен и доминантен карактер. Но, се запознавме кога бевме доволно силни еден за друг“ истакна таа.

Таа исто така зборуваше за страста меѓу нив и за тоа како таа не стивнува дури и во куќа полна со луѓе.

"Имаме прилично голема куќа на југот на Франција. Имаме простор за работа, мали места каде што тој може да пишува, а јас да правам музика. За љубов имаме спална соба, со клуч и дебели sидови", се пошегува таа. Таа додаде дека и е жал за Никола затоа што не било многу пријатно да се биде заробен со неговата мајка.

Патем, во јавноста често се споменуваше дека Карла била во врска со Доналд Трамп во 90-тите години додека работеше како модел ширум светот. Многумина ја исмеваат Бруни, тврдејќи дека таа претерала со козметички зафати и затоа силно наликува на сопругата на Доналд, Меланија Трамп.

извор:stil.kurir.rs