Љубовно прегрнување во 7/8

Добивај вести на Viber

Конечно дојде и тој момент, го имаме дизајнот на новиот македонски Swatch во 7/8 такт. По инспиративниот процес на селекција на навистина огромниот број и навистина инспиративни креативни решенија за изработка на новиот  локализиран часовник,  жирито составено од тимот на „Божиновски часовници и накит“ заедно со  Крсте Роџевски, Влатко Стефановски, Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Славимир Стојановиќ – Футро и Михаил Корубин, одлучи првонаградено да биде решението на Андреј Павлов насловен „Такт, ритам, време“. А, поради огромниот број на креативни решенија кои ни пристигнаа одлучивме да доделиме и дополнителни награди за тројца финалисти. Дополните награди одлучивме да ги доделиме на авторите: Марија Смилевска, Сандра Котевска  и Марина Трајковска.

Кога го распишавме повикот за новиот македонски Swatch во 7/8 , потајно се надевавме на емотивно а истовремено  “out of the box” решение, излегувајќи од се она што на „прва“ оваа тема разбудува во нашите мисли.

7/8 е ритам не е инструмент,

7/8 е ритам кој можеби се слуша со уво, но се доживува со други сетила, се доживува како емоција, еуфорија и страст,

7/8 не е Византија, не е среден век, не е наша историја, туку е наша иднина, 

Победничкиот дизајн не погоди во срце.

Ако големиот маестро Трпчевски може овој македонски ритам да го фузира со Брамс, и со својот оркестар да ја потреси Европа и светот преку проектот Македонисимо,

Ако еден од најголемите гитаристи Влатко Стефановски, на својата гитара речиси визуелно му го доближа на секој Македонец и Балканец 7/8скиот ритам преку едноставна секвенца „ јен-два-три, јен-два, јен-два„

Ако Милчо Манчевски во своето ремек дело „Пред дождот“ емоциите ги исцртува со македонскиот ритам, а нашиот сограѓанин Крсте Роџевски со својот андроген глас ја возбудува селективната и деликатна публика по целиот свет никогаш незаборавајќи ја основата и коренот на македонскиот мелос и ритам,  тогаш ние се чувствуваме одговорни и повикани на свој начин и во својата област да ги споиме историјата, традицијата, иновативноста и иднината, и на свој оригинален начин да го запечатиме постоењето и важноста на овој автохтон ритам , толку важен за нас македонците.

Младиот дизјнер Андреј, во наизглед едноставен дизајн, спојува многу емоции преку разиграните раце кои асоцираат на љубовно прегрнување, а самото прегрнување, секогаш предизвикува промена на срцевиот ритам кое понекогаш е проследено и со прескокнување на некое отчукување- аритмија, љубовна аритмија. Зарем тоа не е и 7/8скиот ритам?

Тимот на Божиновски неизмерно им се заблагодарува на сите учесници на повикот и за тоа што со нивната креативност направи изборот да биде навистина предизвик. 

За да прочитате повеќе за победникот кликнете на линкот.

* ПР - објава