Актуелно // Insta вести
Љубовта им цвета: Тамара со широка насмевка во прегратка на Лука
- 05 Јануари, 2024
Поп-пејачката Тамара Тодевска ове празнични денови со нејзините деца Хана и Дарен, ужива на чист воздух во Маврово.
Откако пејачката имаше настап во еден локал во Маврово, каде нејзината најдобра дургарка Александра Бела го прослави роденденот заедно со манекенката Катарина Ивановска, остнаа да се забавуваат на оваа локација.
Во меѓувреме Тамара на Инстаграм објави фотографија со нејзиното момче Лука, додека тој ја има во прегратка, а таа со широка насмевка ужива.
Не е тајна дека пејачката минатата година и даде шанса на љубовта, откако се разведе од нејзиниот сопруг Мачка, со кој ги имаат двете деца Хана и Дарен.
Фото: Инстаграм