Љубовта на Анѓелка и Марко е посилна од сите препреки и предрасуди: Првата фотка од венчавката е доказ за тоа
Таа минатата година со него доби ќерка, која има име од посебно значење за актерката
Актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ, на многумина позната по презимето на нејзиниот поранешен сопруг Прпиќ, ги воодушеви своите следбеници со нова фотографија, а каква фотографија е тоа - првата слика од неа и нејзиниот сопруг од тајна венчавка.
Фотографијата која ја објави кажува многу повеќе од љубовни зборови. Таа лебди во венчаницата во прегратките на својот сакан, со кој во мај минатата година доби девојче.
Анѓелка и Марко Жугиќ, чие презиме сега го носи, добро се познавале уште пред врската. Имено, Марко беше близок пријател со нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, со кој го има синот Јакша.
По разводот стигна веста дека Марко и актерката ја официјализирале својата среќна врска и иако светот скокна на нозе да осуди, факт е дека тие се среќно венчани и дека љубовта си го нашла патот до нив.
Тие се венчаа на 8 септември 2023 година, но во тајност. На церемонијата присуствуваа само блиски луѓе, како што сакаа во тоа време.
Анѓелка дочека бебе со Марко, девојче на кое му го дадоа името Чарна. Како што објасни тогаш актерката, името со кое ја „крунисале“ нејзината ќерка за неа има посебно значење. Имено, таа ја именуваше својата наследничка по улогата во серијата „Жена са Дедиња“ која ја прослави.
ФОТО: Инстаграм принтскрин