Љупка Гугучевска прослави роденден: Што уште да си посакам, кога веќе имам сè?

Добивај вести на Viber

ФОТО: Инстаграм

Портпаролката и Раководителка на одделението за континуирани обуки во Државната изборна комисија, харизматичната Љупка Гугучевска Филипоска наполни 41 година.

Харизматичната Љупка, по тој повод на социјалните мрежи објави како го прославила роденденот, а покрај сликите напиша: 

„Што уште да си посакам, кога веќе имам сè?
Само да си го одржам и задржам“ - напиша Гугучевска на Инстаграм.


Забавата поминала во кругот на најблиското семејство, а најмалиот член, нејзината ќерка, се гледа дека била најсреќна за роденденот на мама Љупка.