Лоша усогласеност, локни само за спиење: Стилот на Катица Јанева
Нејзината тежина никако не смее да ѝ биде хендикеп, посебно во облекувањето. Ако сте дебели, тоа не значи дека не треба да бидете убаво стилизирани. Клучот е во умереноста и свесноста за вашата фигура. Катица Јанева како да сака да биде уште повеќе дебела со својата облека. Припиени фустани и блузи кои никако не смее да ги носи, таа ги форсира. На крајот нормално е да не биде задоволна од изгледот.
Во одредени ситуации точно ги има погодено комбинациите, токму она што треба да го носи, а тоа е облека која ја следи линијата на телото, но е ширка, еднобојни туники кои го прекриваат задникот, стомакот и половината, како и широки панталони или пак долги здолништа.
Непотребното шаренило на дезените е непотребно! Тоа визуелно шири. Имаше моменти кога носеше и тантела. Таквата облека се носи во вечерни варијанти, а не преку ден - кикс на повеќето дами од политиката.
За Катица е карактеристично што знае да одбере накит, но во повеќето варијанти тој е масивен, а не би требало да биде. Целокупниот проблем во нејзиниот стил е лошата усогласеност. Повторуваме дека тежината не треба да биде пречка, таа нема да исчезне сега и веднаш. Раководејќи се според физикусот, Јанева мора под итно да ослаби, а ако не го може тоа тогаш нека ги тргне цветните мотиви и костумчињата во кои само се залажува.
Посебно треба да обрати внимание во делот на фризурата. Бидејќи има овално лице, локни само за спиење. Убаво фенирана коса, може и благо брановидна да биде полн погодок во нејзиниот случај.
Н.Т.