Луѓето не веруваат дека таа има 95 килограми, а кога ја видат во бикини-занемуваат: Ваквата убавина е премоќна

Бројката на вагата не ве дефинира вас или вашата вредност...

TikTok не е само место за чудни трикови за шминкање и (искрено) бизарен феномен на изглед на славни личности - исто така има и просперитетна заедница на телесна позитивност, која опфаќа сè, од нега на телото до фитнес и храна.

И во најновиот тренд на апликацијата, жените ги споделуваат нивните точни тежини и типови на тело за да го тргнат фокусот од бројките и да покажат дека тежината на вагата може да изгледа сосема поинаку на луѓе со различна висина и градба.

Во една верзија, жените над 90 килограми ја споделија својата точна тежина во видео со наслов: „Ја споделувам мојата „вистинска тежина за нормализирање на жените над 90 килограми“.

Потоа следеа поопшти видеа, каде жените ја споделуваат својата тежина и висина за едноставно да ги покажат различните начини на кои телата можат да носат тежина.

-Го покажувам моето тело од 98 килограми, 161 сантиметар! Запомнете дека нема две исти тела, напиша Били.



- Вака изгледаат 113 килограми на мене, сподели Ангелика.



- Јас со 108 килограми. Бројката на вагата не ве дефинира вас или вашата вредност, додаде Кејти.

Во друго видео манекенката Мари Темара го покажа своето тело високо 188 сантиметри и откри дека има 95 килограми.

@marietemara4.0 I love this trend☺️ #womensweight #tall #fyp #tallgirl #elfitup #fanedit #howto I’m not a minor & this is a swimsuit, TikTok @d1breeder original sound - caesar


Трендот на TikTok доби многу пофалби на интернет, особено од оние кои се гледаат себеси во претставените типовите на тело.

- Утрово ми беше тешко поради тоа како изгледав. Но, ти си толку убава и имаш ист тип на тело како мене и тоа ме натера да се чувствувам толку добро, вели еден коментар на Анџелика.

- Овие видеа и сите овие прекрасни 90+ жени прават да се чувствувам многу подобро и да ја прифатам мојата тежина, напиша стои во коментарот.


фото: инстаграм

Има 140 килограми и самодоверба до плафон: Тврди дека го има секој маж што ќе го посака и открива во што е трикот

Имаме 90+ килограми и пукаме од самодоверба! - Тренд на нормализирање на бујните тела докажува дека бројката на вагата е само бројка
За секоја градба на тело, килажа и за секоја возраст: Култен бренд претстави костими за капење за оваа сезона и гледате докази дека убавината има повеќе лица
Тие не се срамат од своите стомаци и целулит: Славни убавици кои нѐ охрабруваат да ги сакаме сопствените тела! (ФОТО)