„Луѓето со попреченост не треба да се мешаат со лицата со ментални болести“: Давид Евангелиста за лицата со даун и здравјето

На денешниот Самит Македонија 2025, насловен како „Правете добро за да ја зголемите долговечноста и продуктивноста“ зборуваа неколку познати лица меѓу кои: д-р Александар Митов - специјалист за јавно здравје,  д-р Јасмина Бобан - радиолог при Институтот за Онкологија во Војводина, Дејвид Евангелиста - претседaтел на Специјалната Олимпијада на Европа и Евроазија, но и други личности. 

На панелот се зборуваше за тоа колку е важно здравјето на граѓаните и дали се потребни промени во навиките за да се зачува здравјето, но се зборуваше и за лицата со попреченост, а на таа тема зборуваше Давид Евагелиста кој истакна дека луѓето со попреченост не треба да се мешаат со лицата со ментални болести. 

- Состојби како Даунов синдром и други често се предмет на стигма. Ова е популација која ние ја претставуваме. Тоа е движење за спорт во 90 и нешто земји. Тоа е популација која има поголема опасност да почине од ковид, тоа има врска со комобордитетите. Денеска веќе се зборува за оваа популација, а тие опфаќаат можеби 4 проценти од населението, и тоа насекаде во светот. МОТ има проценето дека земјите кои инвестираат во инклузија на овие лица имаат поголем економски раст. Иако тие се сочуваат со пречки за здравствена едукација, па семејството страда од сиромаштија, бидејќи тие мора да одлучат дали да работат или да се грижат за семејството. Земјите кои инвестираат во инклунзивна заштита имаат поголем економски раст. Но, добро е што сега се промени трендот за прифаќање на лицата со посебни потреби – потенцираше Евангелиста.

Тој појасни дека ако во минатото на лицата со посебни потреби како што се лицата со Даунов сидром се гледаше со голема нелагодност, денеска веќе овие лица се поприфатени и се бараат начини за нивна вклученост во општеството. Евангелиста исто така потенцираше дека има голема поврзаност меѓу здравјето на вработените и нивната ефикасност на работните места, за што посочи дека сосема очекувано е поздравите да имаат поголем придонес. Повеќе прочитајте на Фактор.мк


Извор: Фактор