Луисана Лопилато и Мајкл Бубле станаа родители по четврти пат: Го открија името на новородената ќерка (ФОТО)

Актерката која ја запознавме како Миа Колучи во тин серијата „Млади бунтовници“, на свет го донесе четврото дете.

Таа и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле од вчера се родители на четири дечиња, а актерката објави фотки и го откри името на девојчето.

- Од љубовта доаѓа животот, светлината и... нашето бебе Сиело Џоли Роуз Бубле. Конечно дојде во нашите животи со твоите 3,8 кг!!! Фала му на Бога за овој бесконечен благослов, те сакаме!! Ноа, Елијас, Вида и мајка ти и татко ти - напиша Луисана покрај фотките од ноџињата на штотуку родената Сиело.

View this post on Instagram

A post shared by Luisana Lopilato (@luisanalopilato)


Инаку, Луисана и Мајкл се одлучиле за име со значње, бидејќи преведено од шпански јазик, зборот Сиело значи небо.

Бремената Луисана Лопилато полни 35 години: Ги покажа трите дечиња откако издоминира со сопругот на Билборд наградите

Пејачот Бубле и Луисана Лопилато, аргентинската актерка, се верија во 2009 година, а се венчаа две години подоцна во 2011 година.

На најстариот син на двојката, Ноа, му беше дијагностициран рак на црниот дроб во 2016 година, а момчето успешно се избори со болеста.

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато очекуваат четврто дете: Со трите деца во нов спот го покажа стомачето