Луксузна венчавка на море со пилот: Која е српската евровизиска претставничка?

Добивај вести на Viber

Коцките ѝ се поклопија  на младата српска пејачка Невена Божовиќ. Вечерва се квалификува во евровизиското финале во Тел Авив со нејзината авторска песна „Круна“. 

Невена со сопругот, пилотот Никола Ивановиќ 

Токму на оваа песна, беше првиот свадбен танц на Невена и на Никола Ивановиќ, кои направија свадба минатиот месец во Будва. Никола по професија е пилот, инаку сопственик на угостителски објект во Будва.

Венчавката се одржа во еден луксузен хотел во Будва. 

„Ова е мојата кантавторска песна која е со посвета. Ја пеам за Никола и со него ќе одам на „Евровизија“ . „Круна“ е печатот на мојот живот“, изјави претходно пејачката. Автор на аранжманот е македонскиот продуцент Дарко Димиров, кој е дел и од македонскиот евровизиски тим на песната „Proud“ на Тамара Тодевска. 

„Во оваа година, не сакам ништо да менувам. Среќна сум и исполнета и тоа се гледа. Убави настани ми ја одбележаа годината“ , додаде пејачката. 

Невена Божовиќ е инаку од Косовска Митровица, а претходно беше на „Евросонг“ со женското трио „Моје три“, во 2013 во Баку, Азербејџан. Има 24 години, кариерата ја започна како победник во шоуто „Првиот глас на Србија“, а учествуваше и на детската „Евровизија“ во 2007 година.