Магичниот појадок на Даниела Јакубовиќ: За 3 недели ослабнете 10 килограми

Добивај вести на Viber

Д-р Даниела Јакубовиќ, една од водечките глобални нутриционистки и авторка на книгата „Големиот појадок“ тврди дека дозата од 600 до 850 калории пред 9 часот наутро е идеалниот појадок и совршениот сојузник на метаболизмот кој драстично ќе го поттикне слабеењето, ќе ги урамнотежи хормоните и ќе ги согори масните наслаги.

- Обилен појадок ќе го запали метаболизмот, но клучно е појадокот да биде богат со протеини и влакна. Ако се придржувате до сите правила на диетата, за три неделиможе да симнете и 10 килограми, а истовремено да јадете сладолед, пица и намирници кои другите диети не ги дозволуваат - пишува Јакубовиќ.

Според неа, појадокот е важно да се јаде 15 минути по станувањето. Дури и оние кои не чувствуваат глад наутро, после две недели ќе се прилагодат.Секој ден почнува со обилен појадок и барем половина час уживање во истиот. На пример појадокот кој авторката го истакнува се состои од омлет со 3 белки, 50 грама сирење, 50 грама шунка, зеленчук, половина мафин со сирење, снегулки од пченка со 200 мл млеко, смути од јагоди и чоколадни колачи.

Од ден во ден појадокот треба да се состои од седум порции протеини меѓу кои се две порции млечни производи, две порции јаглехидрати, две порции масти и една порција десерт.