Дизајнерката Кикириткова во безвременски модни парчиња: Женствено, тренди и пример

Добивај вести на Viber

Македонската дизајнерка Маја Кикириткова неретко со своите следбеници нa Инстаграм споделува модни комбинации и трендовски парчиња. 

Па така и овој пат сподели навистина интересни комбинации кои по начинот на кој ги искомбинира таа изгледа топ, но и доколку ги искомбинирате одделно би ги искористиле за многу други пригоди.

Имено, дизајнерката на последната објава носи макси здолниште со животински принт, бела маичка, златен накит и торба со средна големина. 

Целата комбинација е за чиста десетка, а онаа кое е дополнително плус за љубителите на модата и корисната облека е тоа што сите овие парчиња се безвременски, може да ги носите и во лето и во зима, за на кафе со пријателките, за вечерни излегувања, па дури и за свечености. Секако доколку истите ги склопите правилно. 

View this post on Instagram

A post shared by Maja Kikiritkova Trajkovski (@majakikiritkova)


Макси здолништето би изгледало одлично доколку го носите со високи потпетици, белата маичка е одлична за комбинирање со краток шорц и апостолки.... Имагинацијата ви ја оставаме вам.


Фото: Инстаграм Маја Кикириткова