Мајка ѝ ја убедувала дека е инвалид и има леукемија – една од нив мораше да умре: Вака изгледа малтретираната девојка која наскоро ќе излезе од затвор

Добивај вести на Viber

Приказната за Џипси Роуз Бланшар денес е исто толку фасцинантна како и кога за прв пат беше обвинета убиство на нејзината мајка во 2015 година. Џипси со години трпела малтретирање од нејзината покојна мајка Ди Ди Бланшар, која со години лажела дека има леукемија и дека е инвалид, па и давала да пие разни лекови.

Во текот на животот, Ди Ди ја подложила својата ќерка на низа непотребни медицински интервенции, вклучувајќи и отстранување на плунковните жлезди, ставање цевка за хранење и неколку други операции. Злоупотребата престанала дури кога Џипси размислувала како да ја убие нејзината мајка, со нејзиното тогашно момче Николас Годехон.

Откако во 2016 година беше осудена на 10 години затвор, In Touch ексклузивно откри дека ќе биде пуштена на условна слобода во декември 2023 година.

- Мислам дека е подготвена, изјави ексклузивно за In Touch нејзината семејна пријателка Титанија Гисклер.

Веројатно Џипси некое време не ни знаела колку години има. Според Buzzfeed News, кога нејзиниот татко се јавил да и го честита 18-тиот роденден, мајката на Џипси му рекла: „Мисли дека има 14 години“. Во реалноста таа е родена на 27 јули 1991 година и има повеќе од 30 години.

Сите лаги на нејзината мајка

Зошто Ди Ди би ја лажела сопствената ќерка за такво нешто? Па, никој не е навистина сигурен зошто мајката на Џипси ги правела работите. Многу е веројатно дека Ди Ди имала FDIA и лажирала голем број болести на Џипси - дури и отишла дотаму што ѝ наштетила со непотребни лекарски рецепти и интервенции. Но, таа дијагноза не може да се постави сега.

Џипси ги презеде работите во свои раце

Поранешното момче на Џипси, Ник, беше прогласен за виновен во ноември 2018 година за убиство од прв степен затоа што бил придружник на убиството на Ди Ди. Сепак, беше објавено дека Џипси всушност го украла ножот со кој ја убила мајка си од Волмарт и му го дала. Таа беше осудена на 10 години затвор за нивното дело и останува таму и денес.

 Џипси има дадено неколку интервјуа откако беше во затвор. На пример, таа зборуваше за ABC News во јануари 2018 година и за тоа како никогаш не била толку болна како што тврдеше нејзината мајка.

Џипси разговараше и со д-р Фил во ноември 2017 година. Таа зборуваше со него за тоа како мисли дека единствениот начин да избега од злоставувањето со кое се соочувала со години од дете е нејзината мајка - да биде мртва.

Џипси се уште е во затвор

Џипси сè уште е во затвор и дефинитивно ќе изгледа поинаку кога ќе излезе, отколку кога беше дете. Таа ќе има право на условно ослободување на крајот на 2023 година.

Фото:youtube/screenshot