Мајка ми се породи на 51 година: Ова им го кажувам на сите оние кои ја мразат и напаѓаат! (ВИДЕО)

Жена чија мајка родила бебе во шестата деценија им се одмазди на критичарите!

Кајл Колдвел на ТикТок сподели видео од нејзината 52-годишна мајка како го држи своето новороденче, пишувајќи дека корисниците на оваа социјална мрежа брутално ја навредувале.

„До сите оние кои го мразат фактот што мајка ми роди бебе на 51 година“, „таа е многу среќна“, напиша Кајли.

Потоа во друго видео ги откри сите пораки и навреди со кои се соочила нејзината мајка поради одлуката да се породи во шестата деценија.

„Не, тоа е буквално неодговорно“, „Веројатно еден ден ќе се грижиш за брат ти или сестра ти“, „толку е ризично, како таа ќе има енергија дури и да си игра со детето“, се само дел од коментарите кои ги осудуваат.


Сепак, во коментарите имаше и поддршка за оваа новопечена мајка.

„Имам 45 години и се обидувам да родам уште едно бебе. Ова ми дава надеж“, гласеше еден коментар, додека друг корисник напиша:

„На мојата пријателка ѝ беше кажано дека никогаш нема да може да има бебе, таа доби здраво момче во нејзините 50-ти“.


Фото: unsplash

Видео: ТикТок